Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Софија Вегара и Хајди Клум го украдоа целото внимание на црвениот тепих…

Кога на црвениот тепих ќе се појават две модни икони, немате друг избор освен да научите од нив.

Хајди Клум и Софија Вергара го украдоа шоуто кога се појавија на снимањето на Америка има талент во Калифорнија. Убавата Хајди на црвениот тепих се појави во лелеаво зелен фустан, додека Вергара изгледаше како модерна пин-ап девојка во комбинезон без прерамки.

И двете се членови на стручното жири со комичарот Хауи Мендел и продуцентот Сајмон Кауел, а заедно ја снимаат 17-та сезона од шоуто, кое се емитува на NBC секој вторник и среда.

Клум носеше длабоко деколте додека ја истакнуваше својата тенка половина со тенок зелен појас. Целиот аутфит го комплетираше со златни штикли со платформа и големи обетки со накит и камења во нијанси на црна, златна и зелена боја.

Таа со години е препознатлива по русокосите прамени, а овој пат се одлучи за полугоре фризура. Во еден момент таа дури се вртеше во круг за да им го покаже фустанот на фотографите.

Вергара, пак, го покажа своето деколте во жолт цветен комбинезон без прерамки, а колумбиската актерка изгледаше гламурозно како и секогаш додека се подготвуваше за уште едно снимање на America’s Got Talent. На црвениот тепих прошета во жолти салонки, а целиот аутфит беше во убав контраст со црвениот маникир.

Неодамна ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ воодушеви многу обожаватели објавувајќи на Инстаграм фотографија од тинејџерските денови во родната Баранкила. Оваа жена родена во Колумбија медиумите често ја нарекуваат една од најубавите холивудски актерки, а таа е горда на своето потекло и покажува дека нејзиниот изглед се должи на мајката природа и добрите гени. Таа денес е среќно мажена за нејзиниот исто толку згоден колега Џо Манганиело.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement