Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Совршен пролетен изглед на Ријана во пастелни тонови

Небесно сина и розова во совршена хармонија.

Со почетокот на пролетната сезона, Ријана изразила желба да ја прослави со модерен стајлинг каде комбинирала две врвни пастелни бои на имагинативен начин: сина и розова.

Познатата пејачка е забележана на едно вечерно излегување – во посета на својот омилен ресторан во Лос Анџелес. За излегувањето, таа одбрала панталони и женски топ во небесно сина боја од брендот Maisie Wilen, кои ги искомбинирала со прекрасно карирано винтиџ палто на Chanel во розова и сина нијанса. Стајлингот го надополни со кожени чевли на Amina Muaddi, кожна чанта на Alaia и винтиџ ѓердан со сини бисери од колекцијата Dior од 1990 година.

Во стајлингот на Ријана, пастелните бои внесуваат пролетни вибрации во изгледот, додека изборот на облека совршено одговара на удобниот стил. Лежерниот стајлинг изгледаше многу шик благодарение на винитџ облеката.

Доколку сакате да изгледате како Ријана, не плашете се да ги комбинирате омилените лежерни комплети со лесни пролетни палта и високи потпетици.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement