Вест на која не престануваме да се радуваме.
Инспирирани од стилот на 80-тите, одредени дизајнери на чевли создадоа колекции кои прикажуваат женственост, софистицираност и разигран дух. Не станува збор за парчиња облека за долги прошетки низ град, туку за шик штикли за кои е потребен превоз со автомобил од станот до саканата дестинација.
Со лежерен гламур на модната сцена се враќаат салонките со ниски потпетици и зашилен горен дел, кој го краси деталот во форма на голема машна – стилски печат на овој модел. Новиот дизајн на овие чевли доаѓа во различни текстури и бои – од златна, црвена, зелена, (зошто да не) и шарени, до парчиња покриени со светки и безвременски дезени: карирани и точки.
Сепак, неизбежната класика и овојпат доаѓа до израз со парчиња во црна и беж неутрална боја. На вас останува да изберете пар кој ќе предизвика соодветен емотивен одговор и ќе ве потсети на убавото чувство од минатото во сегашниот стилски момент.
Ви ги носиме најактуелните модели во галеријата за слатка инспирација…








