Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Скарлет Јохансон совршена во новата кампања за накит на Дејвид Јурман

Американскиот бренд за накит Дејвид Јурман ја избра актерката Скарлет Јохансон за свој прв амбасадор на брендот за 2022 година.

Актерката се појавува во кампањата наречена „Come Closer“, која е снимена на локација во Њујорк од Лаклан Бејли. Ова е воедно и прва рекламна кампања за новоименуваниот претседател Еван Јурман.

Во една снимка Скарлет позира во кревет под чаршафи додека носи алки и прстени од новата колекција. Втората слика ја покажува ѕвездата во лежерен изглед со капа и слоевит накит.

Десет фотографии и краток филм покажуваат како Скарлет ја пее легендарната песна на Синатра „New York, New York“. Фотографиите и филмот се направени во Карлајл во Њујорк, хотелот Роузвуд и неговиот легендарен бар Бемелманс.

„Растејќи во Њујорк, секогаш се чувствував поврзана со Дејвид Јурман – ги гледав нивните прекрасни црно-бели реклами во сите мои омилени модни списанија“, вели Скарлет. „Јурман и нивните дизајни отсекогаш ми го отелотворувале Њујорк – свеж и само малку посмел. Кога Еван ми се обрати во оваа прилика и ја сподели својата визија за кампањата, веќе се чувствував толку поврзана со брендот што тоа беше сосема природна соработка“, изјави Скарлет по повод учеството во новата кампања.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement