Верувале или не, бојата на косата може да влијае дури и на кариерата. Токму тоа и се случи на актерката Ејми Адамс.
Кога доби улога во серијата „Dr. Vegas“ во 2004 година, за првпат се префрли од својата природна нијанса на црвена. Многумина дури и не знаат дека Ејми е природна русокоса, а промената на бојата и донесе многу повеќе можности во актерскиот свет.
Таа призна дека дотогаш нејзината работа била сведена на улоги на глупави русокоси, а потоа дошол неочекуван пресврт.
Во моментот кога ја обоив косата во црвена боја, станав провокативна и забавна, наместо глупава и несмасна. Тоа беше одлично, ми се допадна. Беше фасцинантно да се види како само еден елемент од вас ја менува перцепцијата на луѓето и косата стана мошне моќна алатка за мене, дури и во глумата. Работите се променија поради новата боја. Луѓето почнаа да ме гледаат поинаку, сметајќи ме за различни улоги, призна Ејми.
Благодарение на оваа посебна боја, таа стана препознатлива и поразлична од другите. Истото важи и за друга природна русокоса за која црвената коса е заштитен знак.

Ова е Ема Стоун. Кога првпат се преселив во Лос Анџелес, имав агент кој сметаше дека поради мојата руса коса, сакав да играм само како навивачка. Таа само ме праќаше на мали аудиции. Еден ден, сакајќи да сменам нешто, ја обоив косата во темно кафеава нијанса и една недела подоцна ја добив мојата прва улога. Потоа ја обоив во црвена боја за филмот „Superbad“ и оттогаш косата ми беше претежно црвена. Јас најмногу се идентификувам со таа боја, изјави Ема и призна дека со години и е омилена боја, на која секогаш и се враќа.

Ева Лонгорија, која сè уште најмногу ја паметиме како бринета, кратко време имаше и црвена коса. Иако тоа беше само краток експеримент за Ева, актерката изгледаше одлично со својата црвена нијанса и докажа дека и жените со потемен тен и темна коса можат да станат црвенокоси.
Проверете повеќе славни дами во галеријата кои експериментирале со црвени нијанси.




