Оваа жена знае да се облекува многу добро…
Пејачката Ешли Робертс ги остави без здив модните критичари со својот стајлинг и заслужено се најде на листата на најдобро облечени дами оваа недела.
Кафеавата боја станува повторно релевантна, и овие 3 различни нијанси совршено се вклопуваат.
Кожното здолниште е полн погодок, а и ова во крем боја изгледа исто толку моќно, се согласија модните експерти. Во овој рез, секоја фигура изгледа феноменално. Тоа го прави обликот на песочен часовник, и скоро сите жени копнеат по таков материјал.
Очилата со леопард принт ја комплетираа целата комбинација. Овој стил е совршен за одење во канцеларија.
Мора да признаеме дека подобра комбинација на облека одамна не сме виделе. Дали се согласувате?
