Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Сиот моден сјај за улиците на Милано: Кјара Ферањи го зачини стајлингот со ни помалку ни повеќе – Најскапата чанта на светот!

Италијанската миленичка Кјара Ферањи не ја гледаме во јавноста веќе некое време. Познатата модна дизајнерка и блогерот и музичар Федез го очекуваат своето второ дете. Кјара ги сподели среќните вести на Инстаграм и оттогаш ги поминува повеќето денови со семејството.

Сепак, неодамна папараците ја забележаа убавата Италијанка на улиците во Милано и брзо ја искористија можноста да доловат слика на труднички стомак. За жал, тоа не се случи, бидејќи Кјара вешто го покри со дебел џемпер и топол теди капут.

Но, затоа иконата на стилот на 33 години беше фотографирана со најскапата торба во светот― славната Биркин со потпис на луксузната модна куќа Хермес!

Кјара го зачини својот секојдневен стајлинг со таканаречениот хималајски биркин – многу редок модел кој важи за кралица на торбите и има цена од 250 илјади долари. Направена е од кожа на ретки крокодили во Нил и е препознатлива во сиво и бело, а ја имаат само мал број луѓе во светот.

<p>Paparaci su lepu Italijanku nedavno zapazili na ulicama Milana...</p>
<p>Paparaci su lepu Italijanku nedavno zapazili na ulicama Milana...</p>

Патем, овие скапи чанти се сметаат за најдобра модна инвестиција бидејќи нивната популарност не се намалува со текот на годините, а во зависност од моделот чинат од 25 до 250 илјади долари.

Патем, култната торба е дизајнирана во 1984 година за Џејн Биркин по нејзината случајна средба во авион со Жан-Луј Дим, тогашниот претседател на Хермес. Откако Џејн, тогаш млада мајка, ги испуштила работите што ги носела во чантата, тој коментирал дека треба да носи торба со џебови, а таа одговорила дека ќе го стори тоа, штом Хермес започне да прави такви торби. Останатото е историја.

<p>Paparaci su lepu Italijanku nedavno zapazili na ulicama Milana...</p>

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement