Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Сиена Милер го прифати трендот на ласкави фустани со шлиц и „падна“ на пудра синиот модел со потпис на бренд кој го обожава и Кејт Мидлтон

Англиската актерка Сиена Милер со својот изглед ја краси премиерата на серијата „The Sandman“ на Нетфликс, која се одржа во Лондон. Британската ‘it’ девојка го привлече вниманието во елегантен фустан со провокативно деколте, со што уште еднаш докажа дека со причина ја нарекуваат кралица на бохо стилот…

Сиена Милер, 40-годишната британска актерка, е една од оние чиј стил едноставно го обожаваме, а успеа уште еднаш да ја воодушеви модната јавност во издание кое комбинира жешки трендови и бескомпромисна елеганција.

Премиерата на новиот адут на Нетфикс „The Sandman“ се одржа во британската престолнина и собра бројни лица од светот на филмот и шоубизот. Меѓу нив беше и актерката Сиена Милер, која изгледаше неверојатно стилски во плетен фустан со „пуф“ ракави во светло сина нијанса.

Станува збор за модел кој пристигнува со потписот на омилениот бренд на трендсетерите Self – Portrait. Нивните креации веќе ги видовме на војвотката Кејт Мидлтон и супермоделот Џиџи Хадид, а сега ја освоија и кралицата на боемскиот стил.

Фустанот со долги ракави во форма на ѕвонче, изработен од пудра сино лурекс, е украсен со исечоци под бистата кои му даваат дополнителна доза на секси, а горниот дел во форма на машна со шлицови и деколте во облик на срце.Цената на ова модно парче е 370 фунти.

Ѕвездата од серијата „Анатомија на скандал“ ја искомбинирала со бела чанта „Cleo“ со потпис на познатата италијанска куќа Prada, а чевлите ги прилагодила и на бојата на чантата, па се одлучила за бели сандали со прерамки со потпис од брендот The Row.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement