Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Сидни Свини го „запре времето“ на црвениот тепих: Фатална русокоса во црн кожен фустан со деколте…

Една од најатрактивните актерки од помладата генерација, уште еднаш покажа дека и бомбастичен изглед може да изгледа елегантно.

Дваесет и шест годишната Сидни Свини ги воодушеви гледачите на малите екрани ширум светот кога пред неколку години ја играше улогата на Кеси во култната серија „Еуфорија“. Руса коса, сини очи, порцелански тен и тело на божица, неодоливо личеше на поранешната холивудска дива Мерлин Монро.

Актерските способности кои ги покажа во втората сезона на серијата и донесоа дури две номинации за престижната награда Еми.

Ѕвездата во подем, фаталната русокоса, се појави синоќа на премиера во Лос Анџелес и на сите им го одзеде здивот.

Тесниот, црн кожен корсет-фустан ги истакна нејзините облини, а дијамантските обетки и дадоа на оваа облека белег на гламур.

Што се однесува до чевлите, Синди се одлучи за класични црни чевли и на тој начин постигна потполно скратен, а сепак бомбастичен изглед.

Косата и беше совршено фенирана, а шминката на лицето беше во пастелни бои – оние кои најмногу и одговараат на нејзиниот тен.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement