Модната комбинација на актерката Ева Лонгорија која спојува два ултра популарни тренда од летото 2022 година, а впечатокот е поразителен.
Популарната актерка Ева Лонгорија е една од познатите дами кои меѓу првите ги пробаа најновите трендови, па не е чудно што не можеше да одолее на ултра популарните шорцеви. Сепак, не било каков вид!
Трендот Barbiecore е омилен во Холивуд во последните неколку месеци, па видовме многу познати убавици во тоалети кои изгледаат како зголемена облека за Барби.

Ева Лонгорија избра ваков дводелен комплет, многу забавна модна алузија на деловен стил!Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ се појави на неодамна отворениот „Catch Steak LA“ во Западен Холивуд, каде што уживаше во специјална вечера со пријателите. Станува збор за комплет составен од струкиран и долг летен блејзер, чии ракави Ева ги засука до лактот и длабоки и кратки шорцеви кои изгледаат како мини-верзија на деловни панталони.

Овие шорцеви се најновата опсесија на трендсетерките, а во слични модели веќе ги видовме војвотката од Сасекс Меган Маркл и моделот Бела Хадид.
Своето шик издание Ева го комплетираше со краток бел горен дел, бидејќи ништо не оди со розови нијанси подобро од белата, а има и предимензионирана бела торбичка од брендот Tequila Casa Del Sol.

Актерката на сè додаде необични обувки: проѕирни чевли со отворени прсти.

