Она што е кралско сината во сината палета, тоа е темно зелената во зелена – поелегантна и луксузна верзија.
Зелената е дефинитивно еден од клучните трендови во модата во последниве години. И, тоа воопшто не нè изненадува бидејќи оваа боја на природата симболизира свежина, раст, хармонија и означува надеж и исчекување на подобри работи што следуваат.
И додека ние бевме среќни да носиме посветли нијанси на зелена боја ова лето, од маслинеста до зелена нане, оваа есен и зима нема да ги соблечеме потемните зелени нијанси.
Кога станува збор за зелената и постудените месеци од годината, се чини дека маслинестата зелена боја секогаш преовладува, но оваа сезона воената зелена боја паѓа во позадина, а нејзиното место го зазема богата и длабоко – темно зелена боја.
За разлика од маслинесто зелената, темнозелената е поелегантна и луксузна верзија на оваа боја. Она што е кралско сино во сината палета е темно зелено во зелената палета. Може дури да ѝ го дадеме истиот епитет и да ја наречеме кралско зелена.
Како што обично се случува со „it“ бојата на сезоната, таа вклучува цела гардероба. Од палта и јакни, трикотажи, фустани и здолништа до чевли и чанти, темно зелените парчиња се апсолутно „мора да се имаат“, а 15-те најубави ги најдовме во сегашната понуда во high street брендовите. Погледнете ги нашите омилени подолу.















