Кога станува збор за модниот стил, има голем број на луѓе во светот кои сакаат да го копираат стилот на своите омилени познати личности, кои се еден вид трендсетерки…
Познатите личности многу често воспоставуваат нови трендови, а парчињата што ги носат се распродаваат како „алва“, за неколку минути по појавувањето во бутиците и онлајн продавниците. Дали се сеќавате на бутикот „Dash“, кој имаше модни додатоци и облека во својата понуда, и кој беше основан во 2006 година од сестрите Кардашијан – Ким, Кортни и Клои? Бутикот во Калабасас беше дел од кланот Кардашијан кога тие го започнаа своето реалити ТВ патување.
Од април 2018 година, сите три локации на „Dash“ се затворени по 11 години работење, но сепак, оваа година, модниот свет ќе биде благословен со појавата на „Kardashian Kloset“ операцијата. Kardashian Kloset е дел од нашите Insta Stories, каде што можеме да уживаме во погледот на неверојатен број дизајнерски парчиња, секогаш кога ќе ни треба модна инспирација.
Сега ќе имаме можност да ги почувствуваме и допреме сите нивни модни парчиња, бидејќи сестрите Кардашијан планираат да ја отворат својата прва локација во Лас Вегас, од 24 јуни. Понудата ќе вклучува неверојатен број парчиња од гардеробата на семејството Кардашијан, додека детската облека наскоро ќе се најде на полиците.
Нивните деца, како што знаете, секогаш се модерно облечени во дизајнерски парчиња, како Louis Vuitton и Hermes чанти, Air Jordans патики од специјално издание и други. Иако шоуто „Keeping Up the Kardashians“ веќе заврши, глобалната опсесија со славните сестри не е ни близу до истекот на рокот.









