Ја нагласуваме интимната врска помеѓу жената и нејзината чанта…
Брендот Louis Vuitton ја претстави својата најнова кампања наречена Capucines. Со уметнички правец како никој друг, освен Никола Гескиер, со Стивен Мејзел зад објективот, на фотографиите во главната улога ја гледаме француската актерка и амбасадор на брендот, Леа Сејду.
„Capucines ја претставуваат суштината на француската уметност. Чест ми е што ме избраа за амбасадор, бидејќи тоа е чанта што навистина ја сакам и ја носам цело време“, изјави Сејду. Кампањата ја нагласува интимната врска помеѓу жената и нејзината чанта, како и безвременската естетика на Capucines silhouette.
Инспириран од Rue Neuve-des-Capucines, локацијата каде што модната куќа го отвори својот прв бутик во 1854 година, иконскиот дизајн е создаден од уникатен материјал од кожа. Како што велат од брендот, чантите исто така „содржат бројни елементи кои, кога се комбинираат, содржат неверојатни, традиционални вештини на брендот“.
Кампањата можете да ја погледнете во нашата галерија!



