Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

СЕГА МОЖЕТЕ ДА МИРИСИТЕ КАКО РАФАЕЛ НАДАЛ ЗА 42.000 ДОЛАРИ…

Минатата година Рафаел Надал дебитираше со својата прва колекција на парфеми во соработка со луксузна куќа за парфеми.

Колекцијата од три парфеми „In All Intimacy“ е развиена со куќата на високата парфимерија  Henry Jacques и сопругата на Надал, Марија Перело. Сега, брендот ги прави мирисите достапни во поинаква форма преку пакувањето со потпис „Clic-Clac“, кое е направено од титаниум и за прв е лансирано во 2021 година.

Ограничен на само 120 парчиња, новиот Clic-Clac ја вкрстува спортската елеганција, со неонско жолта апстрактна линија што му оддава почит на тениското наследство на Рафаел, заедно со мирисниот вкус на брендот.

Сите три парфеми на Надал — Rafael Nadal No. 1, Rafael Nadal No. 2,и Maria Perello-ќе бидат достапни во формат Clic-Clac. Според брендот, колекцијата „In All Intimacy“ била инспирирана од врската на Надал и неговата сопруга со Медитеранот и нивната домашна база Мајорка, Шпанија. Секој мирис вклучува ноти на цвет од портокал, мајчина душица, лаванда, јасмин, цитрус и бергамот.

Во меѓувреме, Надал, исто така, неодамна се најде на насловните страници кога објави дека нема да се натпреварува на овогодинешниот турнир Ролан Гарос, кој го освои рекордни 14 пати. Тој, исто така, открива дека 2024 година веројатно ќе биде последната година од неговата кариера.

Парфемите Clic-Clac се достапни во бутиците на  Henry Jacques по цена од 41.900 долари.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement