Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Сега можете да купите JACQUEMUS чанта од автомат

По двегодишна пауза повторно се одржува Миланската модна недела, а шансата најмногу ја искористи француската модна куќа Jacquemus.

Познатиот бренд неодамна отвори поп-ап продавница која на клиентите им ги нудеше најдобрите стилски парчиња нон-стоп! Сместена во дворот на Палацо Клеричи, поп-ап продавницата е очигледно дизајнирана да работи како автомат.

Коментирајќи го отворањето на продавницата, брендот објави на Инстаграм: „Го отвораме нашиот нов бутик во Милано, целиот во бело со нови производи! Отворен е 24 часа, без прекин…! Се наоѓа во Palazzo Clerici, 5 via Clerici, 20121 Милано, Италија.

Во своите приказни, брендот додаде: „Тоа не е само за шопинг, тоа е и искуство, концепт… идејата е да се пробијат границите во светот на луксузот. Сакаме да влезете, да се чувствувате добредојдени и да имате одлично искуство без разлика што правите внатре, можете дури и само да поминете и да сликате“.

Целосно белата продавница располага со артикли како капи Le bob Gadjo, чанти Le Bambino и дуксер Le Jacquemus, се разбира, сите во соодветна бела боја. И минатата година, дизајнерот Жакемус лансираше сличен поп-ап во парискиот кварт Марис за да го прослави објавувањето на неговиот нов додаток, чантите Le Bambino.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement