Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Свечено отворање на филмскиот фестивал во Довил со амбасадорите на Шанел

46-от фестивал на американскиот филм во Довил беше отворен во петокот, на 4 септември.

Меѓу ѕвездите на црвениот тепих, прва се појави претседателката на жирито, Ванеса Паради.

Но, среде пандемијата на Ковид-19, многу американски филмаџии и актери не се во можност да присуствуваат на настанот на северот на Франција, и ова е можеби најуникатното издание на фестивалот во историјата.

Ванеса Паради е амбасадорка на Шанел и затоа на отворањето на настанот се појави во тотален изглед на луксузната марка. Ванеса Паради носеше нежен свилен фустан со розови пердуви од колекцијата Paris-31 rue Cambon Métiers d’Art, а природниот стил и шминка го направија изгледот уште поромантичен. Облеката Ванеса ја надополни со голем приврзок и нараквица што Шанел ја направи специјално за неа, како и златни чевли со лак – кои беа направени по мерка. Се чини дека актерката доби романтичен стајлинг во духот на модерната Пепелашка.

На фестивалот присуствуваше и Ана Гирардот. Француската актерка носеше црн фустан од кашмир од колекцијата Ready-to-Wear Fall / Winter 2020/21. Стајлингот го заврши со чанта CHANEL и чевли.

Астрид Бергес-Фризбеј, француската актерка, избра свилена блуза од колекцијата Ready-to-Wear Fall / Winter 2020/21 и црно свилено здолниште од истата колекција. Стајлингот го заврши со чевли и додатоци на Шанел од позната модна куќа.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement