Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Светот доби нова најскапа чанта – со племенита мисија и неверојатна цена

Скоро осум милиони тони пластика завршуваат во водите на океаните секоја година и сочинуваат 80% од морскиот отпад, што се заканува на површините на нашите води, но исто така и на длабоките седименти…

Морските видови влегуваат или се распаѓаат во пластичен отпад, што доведува до нивна повреда или смрт. Проблем од вакви размери не може да се реши за еден ден и бара големи инвестиции и напори. Една од инвестициите што можете да ја вложите за да го решите овој проблем е луксузната торба Boarini Milanesi, која чини седум милиони долари.

Најскапата торба на светот има за цел да ја подигне свеста за потребата од заштита на нашето природно опкружување, но сигурно нема да може да го реши овој проблем самостојно, иако дава се од себе. Италијанскиот бренд Boarini Milanesi ја лансира оваа торба и планира да донира 800.000 евра од продажбата на секоја од нив на институциите чија главна мисија е посветена на отстранување пластиката од океаните.

Оваа торба дефинитивно е многу повеќе од само моден додаток и е длабоко поврзана со личната историја на коосновачот на брендот, Матео Родолфо Миланези. Тој сакаше да ја прослави љубовта кон морето што ја имаше неговиот татко, кој починал кога Матео бил тинејџер.

„Секое лето го поминувавме на море, во Грција или во Турција и бев најсреќен кога ги обиколувавме островите со брод. Иако масовниот туризам во тоа време беше само мисловна именка, честопати гледавме пластични шишиња кои лебдеа на површината или нафтени дамки, коишто истекуваа од бродовите.“

Ултра-ексклузивната торба е создадена од материјали што до одреден степен ја оправдуваат нејзината гигантска цена од седум милиони долари. Горната рачка е изработена од алигаторска кожа, а украсена е со 10 пеперутки од бело злато со сафири, дијаманти и Параиба турмалини. Торбите кои дефинитивно се плод на љубовта бараат повеќе од 1.000 часа работа за да се создадат, па затоа се претставени како ограничено издание од само 3 парчиња.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement