Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Сара Џесика Паркер: Чевли што повеќето жени ни во лудило не се осмелуваат да ги комбинираат со тренерка

Благодарение на улогата на Кери Бредшо, актерката Сара Џесика Паркер стана нова модна икона, а нејзиниот успех дополнително го материјализирала преку создавање на успешен моден бренд. Во 2014 година, Сара лансирала линија обувки наречена SJP Collection која се продавала во трговскиот центар Нордстром.

Во меѓувреме, тие се прошириле и на други продажни места, отвориле своја продавница за чевли во Њујорк, а понудата на производи порасна, па сега можете да набавите разни додатоци со потпис SJP на официјалната веб-продавница.

Колекцијата што ја нудиме промислено вклучува чевли што ги нарекуваме зимзелени модели и нивниот дизајн секогаш останува и само ги дополнуваме со варијанти во нова боја, а нудиме и ексклузивни модели кои не можете да ги најдете на друго место, изјави Сара.

Таа е најдобрата реклама за чевлите на нејзиниот бренд бидејќи скоро и да не ги соблекува. Ги носи во повеќето прилики, од празнични настани до одење во продавница. Исто така ги носи на сетот од култната серија „And Just Like That…“ продолжението на „Сексот и градот“.

Не само што ги носи во сите прилики, туку и ги комбинира со сите парчиња облека, вклучително и – тренерка.

Комбинацијата тренерка и чевли со потпетици сè уште е незамисливо за повеќето жени, иако оваа комбинација одамна не е ништо ново и неочекувано кај трендсетерките.

Сара на сетот пристигнала во модел наречен „Tartt Pierce“, бела варијанта на сребрениот модел „Tartt“ кој е еден од најпопуларните во нејзината колекција.

Чевлите со блок-пета од 5 сантиметри и широк ремен преку глуждот е навистина удобна за носење, па затоа не е изненадување што Сара го обожава овој модел.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement