Веројатно веќе сте забележале дека во летната сезона во 2022 година ќе доминираат сандали со ремени! Ако ѕирнете во колекциите на high street брендовите, брзо ќе сфатите дека колку пообемни и повеќе ремени – толку подобро. Ова е дефинитивно модел во кој ќе летуваат жените кои сакаат трендови, но и удобност. Друга причина е што одлично ќе оди со сите стилови на фустани, како и со тексас шорцеви, а сè повеќе сакаме парчиња на кои можеме да се потпреме секој ден.
Ова е само едно од тие парчиња бидејќи лесно можеме да замислиме дека на плус триесет само го избираме омилениот фустан и потоа го комбинираме со овие гломазни модели. Во high street понудата, како и онаа со потпис на дизајнерот, може да се најдат во верзија со платформа, висока или ниска потпетица, но повеќето од нив секако имаат рамни модели.
Доминираат црната и кафената, како и белата, која е секогаш интересна и добар чекор доколку сакате на вашите аутфити да им дадете ‘свеж’ изглед, но поентата секако е во маѓепсаните ремени кои ќе изгледаат поефикасно на ногата. Плус, можете да ги купите и да ги носите сега. Некои од инфлуенсерите на овој модел веќе облекоа чорапи, секако овој избор е за похрабрите и кои сакаат да експериментираат. Другите можат да го купат својот омилен модел сега и да го носат веднаш штом ќе изгрее вистинското летно сонце.








