Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

САБАТО ДЕ САРНО Е НОВИОТ КРЕАТИВЕН ДИРЕКТОР НА БРЕНДОТ GUCCI…

Компанијата Керинг објави дека Сабато Де Сарно ќе ја преземе функцијата креативен директор на брендот Гучи, на местото на Алесандро Микеле, кој беше отпуштен во ноември минатата година.

Како и Микеле, кој се приклучи на италијанската модна куќа пред седум години, кариерата на Де Сарно досега беше главно зад сцената. Новопечениот креативен директор ја започна својата кариера во Prada во 2005 година, потоа се пресели во Dolce & Gabbana и конечно му се придружи на Valentino во 2009 година. Додека работел во оваа куќа, тој се искачил нa рангот моден директор,креирајки машка и женска облека, а исто така тесно соработувал со Пјерпаоло Пичоли.Модниот дизајнер ќе ја претстави својата прва колекција на Gucci во септември на модната недела во Милано.

„Воодушевен сум што Сабато ќе се приклучи на брендот Gucci како нов креативен директор на куќата, бидејќи тој е еден од највлијателните луѓе во индустријата. Со длабоко разбирање на уникатното наследство, уверен сум дека Сабато ќе ги води нашите креативни тимови со визија што ќе помогне да се напише ова возбудливо следно поглавје, надградувајќи го кредибилитетот на модната куќа и нејзиното богато наследство“,вели во соопштението Марко Бицари, претседател и Извршeн директор на Gucci.

Ќе чекаме без здив да видиме како Де Сарно ја оживува својата визија. Откако Микеле го презеде брендот во 2015 година, тој повторно ја измисли естетиката на Gucci, четирикратно ги зголеми приходите на 10,8 милијарди долари, иако брендот финансиски заостанува зад ривалите како Louis Vuitton и Dior во последните години.

„Чест ми е што сум креативен директор на брендот Gucci.Горд сум што се приклучувам на куќа со таква извонредна историја и наследство која со текот на годините ги прифаќа и негува вредностите во кои верувам. Трогнат сум и возбуден што продолжам со мојата визија за брендот“, рече тој. Де Сарно.

Прочитај

Green Tea

Раната дијагноза на рак на панкреас е клучна за успешно лекување, но симптомите во раните фази често се неспецифични и лесно може да се...

Green Tea

Промената на исхраната игра клучна улога во регулирањето на триглицеридите и одржувањето на здравјето на срцето. Се препорачува консумирање здрави масти, како што се...

____celebrity

Холивудскиот актер Брус Вилис (69) повеќе не е свесен за својата болест и тешката дијагноза.Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис, која е со него во...

Green Tea

Сите сме биле таму барем еднаш. По оброкот, се чувствувате тешко, стомакот ви е надуен, а панталоните ви се тесни. Лековите не се секогаш...

Advertisement