Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Роуз од музичката група „Blackpink“ во најновата кампања на Tифани & Ко

Ѕвездата продолжува таму каде што застана Tiffany HardWear кампањата за 2021 година, носејќи ја својата вообичаена енергија и полет на нови впечатливи парчиња накит.

Тифани и Ко. штотуку ги објави новите парчиња од својата позната колекција HardWear, а на чело на ова ново поглавје е нивната глобална амбасадорка, Роуз од групата Blackpink.

Во серија интимни и моќни портрети, Роуз носи нови парчиња накит, секое со иконски мотив HardWear. Ѕвездите на колекцијата, која Роуз ја претставува во кампањата, се новото ланче и нараквица со врски од црн титаниум, 18-каратно розово злато и дијаманти, кои ќе дебитираат овој јули.

Кампањата, снимена од познатиот моден фотограф Марио Соренти, намерно е снимена во остар редукционистички простор, нешто што ја истакна смелоста на индустриската естетика на накитот HardWear.

Лансирана во 2017 година, колекцијата Tiffany HardWear е омилена меѓу познатите личности и љубителите на модата, не само поради храбриот дизајн, туку и поради родово неутрална естетика. Колекцијата е инспирирана од архивско парче од архивите на Тифани, унисекс нараквица направена во 1971 година која ја отелотворува силата и духот на нејзиниот носител, како и уникатната душа на Њујорк.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement