Оваа есен, модната сцена е преплавена со различни трендови. Понудата е поголема од кога било, па секоја жена може да најде нешто за себе. Парчињата што беа актуелни во текот на 70-тите, исто така, се вратија на големo. Ако веќе не сте, време е да го купите следново:
- Чизми над коленото
Овој модел беше многу популарен во текот на 70-тите години, а оваа есен, правењето аутфити без нив е скоро незамисливо.

- Фустан на преклоп
Дијана фон Фурстенберг е некој на кого му веруваме во светот на модата и чиј збор е заповед. Таа вели дека секоја жена мора да има еден ваков фустан. Освен што е голем хит во моментов, на сите им изгледа одлично.
- Монохроматски стил
Трендот на носење една боја од глава до пети всушност стана актуелен во текот на 70-тите години на минатиот век. Денес не е помалку релевантно. Изберете ја омилената боја и следете го овој интересен стил.

- Костум
Костумите не се резервирани само за мажи и деловни прилики. Овој стил станува сè попопуларен секој ден, а жената во добро прилагодено одело изгледа неверојатно моќно и привлечно. Вака облечен, ќе бидете подготвени да го освоите целиот свет.+

- Маици со натпис
Маици, блузи и дуксери со напишани интересни пораки се повторно во мода.
- Слип фустани
Овој модел на облека беше во тренд и ова лето, но тој не ја напушти модната листа ниту во текот на оваа сезона. Слип фустан во комбинација со чизми и џемпер може да изгледа одлично.

- Шалови
Одличен додаток кој ќе го направи секој аутфит поинтересна.
