Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ретка појавување на ќерката на Коби Брајант: Во смела комбинација Наталија блесна на модните Оскари…

Најстарата ќерка на починатиот кошаркар воодушеви со своето појавување на модните Оскари. Иако на почетокот на 2021 година потпиша договор со агенција за модели, таа не се појавува често на црвените теписи. Меѓутоа, каде и да оди, сите се вртат кон неа.

Модните награди CFDA собраа многу љубители на модата, а меѓу нив беше и Наталија Брајант, најстарата ќерка на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант. Додека Наталија се обидува да се држи настрана од медиумите, тешко е да не се забележи нејзиниот исклучителен вкус за мода.

Во оваа прилика, Наталија сепак привлече внимание со тоа што се одлучи за смел црвен фустан.

Вградениот црвен макси фустан е со тесни долги ракави и е многу елегантен, но има многу необичен додаток – качулка.

Заедно со интересниот фустан, Наталија носеше златни модни додатоци: златна клач чанта, обетки и дијамантски прстени и соодветна нараквица.

Во едно од интервјуата признала дека ја прави среќна креативноста што ја нуди модата, а како најголема модна инспирација ја навела нејзината мајка Ванеса Брајант. Таа додаде дека нејзината мајка често и дава совети за стил, но најважниот моден совет на нејзината мајка е дека вистинската убавина доаѓа од внатре.

Во февруари 2021 година, таа потпиша договор со светски познатата агенција „IMG Models Worldwide“, која претставува успешни модели како Џиџи Хадид, Мили Боби Браун и други. Таа исто така напиша на Инстаграм дека овој договор и е особено важен: „Ја сакам индустријата и сакав да бидам модел од кога знам за себе.

Прочитај

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Advertisement