Најдовме фустани во high street продавниците во кои ќе ги истакнеме нашите облини, но и визуелно ќе ги намалиме „критичните точки“.
Бидејќи оваа година поминавме многу време дома и храната беше многу близу до нас, лесно е можно да имаме малку вишок на стомакот. Иако можеби претходно бевме во форма, таложењата на стомакот можат да бидат непријатно изненадување. Но, не заборавајте дека многу полесно се дебелееме ако сме под стрес, а оваа година секако е обележана со таа состојба.
Но, со правилен избор на облека е можно да се сокријат малите несовршености на телото и да се чувствувате одлично. Бидејќи фустаните се најомилено парче годинава, решивме да најдеме модели кои го намалуваат струкот и ги истакнуваат облините. Многу често, ако имаме прекумерна тежина, правиме една голема грешка – се обидуваме да се скриеме во слоеви облека. Но, ова е сосема погрешно, треба да ја истакнеме силуетата и со помош на вистинскиот крој, дезени или модни додатоци само да го потенцираме она што го сакаме на нашето тело.
Фустаните со А-линија, кои ја следат линијата на телото, нежно ќе го истакнат телото, и што е најважно, се стеснети во пределот на стомакот и визуелно ќе ја намалат половината. Добро е да изберете фустан кој има појас (тоа го направи Меган Маркл по бременоста) или да додадете некој појас дури и во друга боја. Друг начин да го скриете стомакот е да изберете фустан кој има деколте или некои посебни детали на горниот дел.
Најважно е да не додавате непотребни слоеви и никогаш да не го криете телото. Затоа откривме различни еднобојни или фустани со дезени во кои ќе се чувствувате женствено, а половината ќе ви биде потенка.















