Ријана, најбогатата музичарка, попозната по својата работа на сопствениот бренд Fenty во последниве години, и омилената дизајнерка на чевли Амина Муади, уште еднаш ги здружија нивните креатини потенцијали и ја лансираа втората колекција чевли на Amina Muaddi for Fenty.

Амина Муади е романско-јорданска дизајнерка со љубов кон италијанските вештини за чевларство. Нејзините модели се препознаваат по карактеристичната потпетица што се шири кон долниот дел (наречена и „кубистичка верзија на Дорскиот столб“), а ги носат, меѓу другите, Ријана, Дуа Липа, кланот Кардашијан-Џенер, принцезата Ранија од Јордан и бројните Инстаграм инфлуенсери. За ексклузивноста на нејзините креации сведочи и фактот дека таа обично објавува само една колекција годишно.

Со оглед на современата естетика на Фенти, кое Ријана, ненадмината во нејзиниот смел стил, го води како извршен директор и уметнички директор, не е изненадување што препознатливите „стаклени чевли“ на Амина Муади во соработка со Фенти го отворија патот за поинаков фетиш: bondage. Совршен предмет на желба во новата колекција доаѓаат во елегантен црн, сензуален розов сатен и интригантна сина машна, со веќе препознатливите ремени за врзување и вртоглавата пета како наклонет столб инспириран од индустријата и архитектурата. Овие секси чевли се создадени за самоуверени, женствени и бестрашни жени, исто како и самите дизајнери, и тие се на нашата листа на желби за оваа празнична сезона (иако дотогаш сигурно ќе се распродадат).


