Принцезата со тажни очи повторно доминираше на црвениот тепих.
Во четвртокот во Монако се одржа настан посветен на здравјето на планетите. Меѓу големите sвезди на црвениот тепих можевме да ги видиме Сиена Милер, Кејт Бекинсејл, Хелен Мирен, како и принцезата Шарлин од Монако и принцот Алберт од Монако, кои беа организатори на овој настан.
Сиена Милер (38) се појави во секси црн фустан со длабоко деколте, само една недела по завршувањето на веридбата. Иако ова е нејзин трет неуспешен ангажман, актерката никогаш не покажа тага затоа што повторно е сама.










