Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Првата машка Prada колекција со Раф Симонс

Уште откако беше објавена веста дека Раф Симонс се приклучува на Мјуча Прада како ко-креативен директор на брендот минатата година, очекувавме одлични работи од оваа дизајнерска комбинација…

Откако практично го зацврсти своето име како еден од најпознатите иконски модни брендови во целиот свет, брендот Prada го задржа своето познато триаголно лого, како и карактеристичните најлонски материјали, останувајќи разиграна, иновативна и моќна сила што ја движи индустријата. За првата заедничка колекција на жени на Симонс и Прада, дуото експериментираше со нови силуети и слоеви, како и нови логоа. Кога станува збор за машката мода, тие целата приказна ја пренесле на сосема ново ниво.

Претставувајќи колекција која во голема мера се состои од преголеми бомбер јакни, тесни костуми и кроени едноредни и дворедни палта, а новата палета совршено ги комбинира наследството на Прада со уникатните силуети на Симонс и креациите слични на униформа. Покрај тоа, опсегот есен/зима 2021 година доби нови бои, вклучувајќи светли нијанси на циклама, темно зелена и други тонови. Станува збор за совршено носена колекција, која ја претстави луксузната суштина на Pradaна беспрекорен начин.

Претставено во онлајн формат, на ревијата беа претставени sидови изработени од мермер, смола, малтер и вештачко крзно, кои, според брендот, истовремено играа улоги на ентериер и екстериер, нежност и цврстина, топлина и студ.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement