Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Прада ги редизајнира винтиџ фустаните и создаде романтичен стил Миу Миу

Влијателната италијанска дизајнерка Мјуча Прада го започна „Upcycled by Miu Miu“, проект од еколошки карактер, кој се поврзува со новата колекција на винтиџ фустани, „clean“ дизајн, за крајот на оваа година

Мјуча Прада пронајде креации, оригинали од децениите од 30-тите до 70-тите години на 20 век, на саемите ширум светот, и сега ќе ги редизајнира и надгради во стилот Миу Миу.

Проектот е најавен за крајот на годината, а станува збор за креации кои ќе продолжат да бидат во стилот на брендот, бидејќи формите на Миу Mиу уште од самиот почеток беа под силно влијание на ретро стиловите.

Италијанскиот бренд веќе имаше моден настан во рециклирани колекции, пред се со линијата Re-Nylon.

Дизајнерката и нејзиниот тим ќе им дадат на старите креации ново лице со помош на апликации, бисери и други детали, за кои инаку се познати слатките фустани од Миу Миу.

Колекцијата „Upcycled by Miu Miu“ ќе се состои од 80 фустани што ќе бидат достапни во нивните продавници на крајот на ноември.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement