Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Познати цитати од најголемите имиња во светот на модата

Во новата година, а особено во новата декада, настојуваме да влеземе инспирирани за нови победи во бизнисот и приватноста, и секако, за нови стилски комбинации. Поради оваа причина, ви донесуваме неколку познати цитати на најголемите имиња од светот на модата, кои ќе ве мотивираат да го процените односот кон модата и стилот. Иако теоретизирање на модата и принудување на размислување е наша работа, на крајот на годината ќе ја оставиме на најголемите од најголемите и уште еднаш ќе ги повториме лекциите што им се најважни. Прочитајте подолу каков безвременски, а сепак многу актуелен совет ќе ви даде Вивиен, како Miuccia и Marc гледаат на модата и што упорно тврдеа Karl, Coco, Yves и Gianni во текот на животот.

„Отсекогаш верував дека поентата на модата не е само да ги направам жените поубави, туку да им дадам самодоверба и да ги направат посигурни во себе“, Yves Saint Laurent

„Младите девојки мораат да научат да бидат секси, тоа не значи да бидат голи“, Marc Jacobs

„Облеката не значи ништо додека некој не живее во нив“, Marc Jacobs

„Облечете се нормално и тие ќе го паметат фустанот, облечете се уникатно и ќе ве паметат вас“, Coco Chanel

„Она што го носите ве претставува пред светот, особено денес кога човечкиот контакт е многу активен и брз. Денес – модата е инстант јазик што секој го разбира. ”, Miuccia Prada

„Купете малку, одберете добро и направете го тоа сами!“, Vivienne Westwood

„Најдобрите работи во животот се ефтини, а другите најдобри се многу скапи“, Coco Chanel

„Единствената вистинска елеганција е онаа во твојата глава, ако го имаш тоа, сè друго извира токму од тоа“, Diana Vreeland

„Никој не може да биде over-dressed или underdressed со мал црн фустан“, Karl Lagerfeld

„Не грижете се за трендовите, не дозволувајте модата да ве владее. Одлучете што сте и кои сте, што сакате и изразете го со облеката што ја носите и начинот на живеење “, Gianni Versace

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement