Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Познати дами како модели на ревијата на познатиот бренд во рамките на Модната недела: Нешто сосема поинакво…

Ова не е прв пат Демна да ги искористи познатите личности за претставувањето на новата колекција да биде што погламурозно.

Светски познатото име во светот на модата – Демна Гвасалија ја претстави својата втора модна колекција за „Balenciaga“ на Модната недела во Париз. Не само што многу познати фаци го следеа шоуто од првите редови, туку некои прошетаа и по пистата.

Додека гледачите меѓу кои Крис Џенер, Офсет, Норт Вест и Алекса Деми внимателно го следеа шоуто, новите креации носеа Ким Кардашијан, Никол Кидман, Дуа Липа, Бела Хадид и Наоми Кембел.

Ова не е прв пат Демна да ги искористи познатите личности за да го направи што погламурозно претставувањето на новата колекција. Пристапот на Balenciaga за искористување на моќта на ѕвездите се разликува од потрадиционалните методи на другите куќи кои регрутираат познати личности да станат амбасадори на брендот. Наместо тоа, Демна работи по друг принцип – славна личност не ја прави „Balenciaga“, туку напротив, брендот ги обликува познатите личности во нивниот универзум.

На почетокот на ревијата, моделите облечени во црно од глава до пети се шетаа по пистата – буквално, како Ким Кардашијан на последната Мет Гала.

Хадид носеше зелена сатенска вечерна тоалета без прерамки со машна и модерни детали на половината, како и долги црни ракавици кои речиси допираа до нејзините раменици.

Добитничката на Греми, музичката ѕвезда Дуа Липа прошета по пистата облечена во светло жолт мини фустан со едно рамо , додека Кидман носеше сребрен фустан што рефлектираше светлина. Кембел блескаше во црн балски фустан инспириран од Tjudor.

Кардашијан, која тесно соработуваше со Демна во текот на изминатата година, редовно носејќи ги креациите на дизајнерката, се прошета на пистата во црн фустан со долги ракави, во форма, во комплет со ракавици. Изгледот е сличен на монохроматските парчиња што ги носеше реалити телевизиската ѕвезда во последните месеци.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement