Хејли Бибер, американски супермодел повторно ги воодушеви модните експерти со своите стајлинзи. Во заедничко излегување во Мајами со својот сопруг, поп-ѕвездата Џастин Бибер, познатата убавица го покажа своето извајано тело во шик модно издание кое не поднесува несовршености. Слични парчиња пронајдовме на омилените шопинг дестинации на високо улица…
Американската манекенка Хејли Бибер постојано е на модниот радар благодарение на својот одличен стил, а пред неколку дена во Мајами во друштво на својот сопруг Џастин мамеше воздишки во провокативно издание.

Храбриот аутфит на познатата убавица во преден план ги стави нејзините нозе достојни за супермодел, но згодната Хејли не ја пропушти можноста да ги покаже своите совршено извајани стомачни мускули.

Со ова издание таа го потврди статусот на кралица на секси стајлингот, но и успешно инкорпорираше неколку водечки модни трендови.

