Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

„Позајмете го изгледот“: Миранда Кер во лежерна (и шик!) облека! Најдовме слични модели

Кога би требало да ги издвоиме оние парчиња облека кои не ги соблекуваме веднаш штом се загрееме, тоа секако би биле класични фармерки и бела маичка. Истото го потврди и поранешниот ангел на Викторија, Миранда Кер, која прошета низ Сиднеј во комбинација која би сакале да ја копираме. Ѕирнавме во актуелната понуда на омилените улични брендови и најдовме слични модели…

Познатиот австралиски супермодел, 38-годишната Миранда Кер, во најновото издание потврди дека класичните фармерки и белата маичка се врвната пролетна модна формула. Поранешната сопруга на Орландо Блум комбинираше минималистички парчиња со тренди аксесоари и докажа дека ова е избор со кој нема грешка.

Сопругата на ко-основачот на Snapchat, Еван Шпигел, се одлучи за фармерки со широки ногавици со потпис на њујоршкиот бренд Khaite, кој ужива статус на еден од омилените меѓу светските трендсетерки. За ова парче облека таа издвоила 400 долари.

Заносната манекенка лежерниот (и шик!) стајлинг го комплетираше со бела чанта со потписот на познатата куќа  Louis Vuitton.

Целиот изглед го надополни со проѕирни сандали од колекцијата на шпанскиот дизајнер Манол Бланик и очила за сонце потпишани од американскиот луксузен бренд Oliver’s People.

Во актуелната шопинг понуда најдовме слични парчиња:

ZARA
H&M
BERSKHA
ZARA
SINSAY

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement