Нема човек кој не ја погледнал американска убавица Криси Тајген,кога таа ке прошета по улиците на Лос Анџелес во феноменална пролетна облека! Импресивниот изглед составен од трендовски модели не е тешко да се ископира, а вие одберете слични парчиња од вашите омилени адреси за шопинг…

Познатиот модел и сопруга на пејачот Џон Леџенд,безброј пати покажа дека не се плаши да експериментира на модното поле, но понекогаш сака да се потпира на класиците, што беше случај во оваа модна приказна.За прошетка во Лос Анџелес, таа вешто искомбинира неколку жешки трендови и создаде изглед кој потсетува на пролет и кој може да стане униформа за потоплите денови.

