Секоја година во ова време се појавува нов тренд во светот на маникирот, така што 2020 година не е исклучок од тоа правило…
Што би рекле ако ви кажеме дека плишот е трендовскиот избор за оваа година? Дали ви звучи чудно? Па, не мора да значи. Ако е направен правилно, овој тренд на ноктите може да биде и празничен и убав.
Кога мислиме на плиш, мислиме на топол материјал кој е синоним за коктел фустани. Знаете, оние фустани што можете да ги носите само еднаш годишно за време на празниците? Но, сега можете да го комбинирате вашиот фустан со прекрасни плишани нокти.
Новиот зимски тренд за нокти го освои Инстаграм и изгледа прекрасно бидејќи светлината се прекршува и создава илузија на гламурозната плишана ткаенина.
Овој маникир е совршен за празниците пред нас, а ние ви ги претставуваме најинтересните идеи!
