Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Пенелопе Круз во кампања на Lancome ,,La-nuit-tresor”

Ланком претставува кампања посветена на новиот парфем на куќата „La Nuit Tresor“.

Рекламната кампања е снимена од Hunter & Gatti, а заштитно лице на рекламата на La Nuit Tresor L’Eau de Parfum е амбасадорката на брендот Пенелопе Круз. Шпанската актерка позира со обетки во црна проѕирна облека, избрани за неа од стилистката Барбара Баумел.

Пенелопе стана амбасадор на брендот Ланком во 2010 година и претходно се појави како заштитно лице на парфемот Тресор. За прекрасниот изглед на актерката беше задолжен Пабло Иглесијас, кој избра неутрална шминка и нежни бранови во нејзината коса.

Мирисот е опишан како гурмански дрвенест овошен и цветен мирис со ноти на личи, малина, пралин, црна роза и пачули.

“Овој богат и исклучителен женски парфем е создаден од двајца мајстори, парфимери кои ја комбинираа својата вештина за создавање на парфем La Nuit Tresor. Почнувајќи со излив на вкусна малина, нотите од роза потоа се интензивираат за да му дадат на мирисот длабок и мистериозен мирис. Ванила и орхидеја со Тахити, тие му даваат на мирисот сончева и блескава нота “.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement