Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Па што ако не се вклопуваат совршено? Деми Мур во најкомотниот модел на фармерки

Фармерките одамна се составен дел од гардеробите на повеќето жени и понекогаш е тешко да се замисли како би изгледале нашите комбинации без нив. Тие станаа толку вкоренети во дневните и вечерните изданија што станаа едноставно незаменливи.

Не се одделуваме од нив без оглед на годишните времиња и ги комбинираме со сите парчиња облека и обувки.

Во слободното време, Деми Мур сака да носи и фармерки. Познатата 58-годишна актерка е снимена како шета по Лос Анџелес во друштво на пријатели и нејзиното симпатично мало кутре кое го носела во марама.

Деми била облечена во максимално лежерна комбинација составена од фармерки, црна маица и чизми до глужд во иста боја.

Моделот на фармерки што ги избра е исто така лежерен. Наместо најпопуларниот „skinny“ модел, Деми го носела најудобниот модел со рамен крој кој можеби не одговара совршено, но затоа нема конкуренција во однос на удобноста.

Актерката одбрала скратена варијанта на фармерки наместо онаа со класично зашиено раб. Некои дами претпочитаат „skinny“ модели кои се држат до телото затоа што визуелно оставаат подобар впечаток, но Деми е меѓу оние на кои удобноста им е приоритет.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement