Били Ајлиш е една од најпознатите поп ѕвезди на денешницата. По успешниот прв студиски албум, на ред дојде величествениот успех на вториот албум, но и целосна промена на имиџот. Затоа, единствениот логичен следен чекор беше да се освои индустријата за убавина. Имено, пред речиси шест месеци, Били на светот му претстави парфем наречен ‘Eilish’. Својата возбуда за овој парфем таа ја сподели со своите фанови на социјалните мрежи каде ни даде мал увид во целиот процес на создавање на мирисот.
Били истакнува дека имала целосна креативна контрола врз мирисните ноти и дизајнот на шишенцето со парфем. Така, парфемот опишува ноти од слатки цветни ливчиња со акцент на сочната мандарина и црвените бобинки. Средните ноти се развиваат со фини зачини, богато какао и кремаста ванила. Неговата основа е топол мошус, тоник и мазни дрвенести растенија. Што се однесува до самото шише, тоа го покажува обликот на главата, вратот и дел од женските гради, а причината за тоа е што тоа се деловите од телото на Били кои и се омилени.
ПАРФЕМОТ ‘EILISH’ КОНЕЧНО ДОАЃА КАЈ!
Иако парфемот излезе пред речиси шест месеци, досега беше достапен само во САД. Но, во Европа доаѓа на почетокот на јуни! Поточно, на први јуни овој божествен мирис ќе можеме да го купиме и кај нас. Засега датумот е единствената информација што ја имаме, но подетални информации ќе пристигнуваат во текот на следните неколку недели.
