Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Парис Хилтон во новата кампања на Lanvin

Кампањата е фотографирана од познатото дуо – Мерт Алас и Маркус Пиго..

Lanvin штотуку ја претстави својата најнова кампања за сезоната пролет/лето 2021 година. Наречена Yu Garden, кампањата на новата колекција ја доби Парис Хилтон за свој протагонист.

„Кога започнавме да разговараме за кампањата, знаев дека сакам да ја претставам Парис Хилтон на начинот на кој никогаш порано не беше виден. „Таа е позната по својата долга руса коса и сјајниот стил и сакавме да ја истакнеме нејзината способност да се трансформира, како лебед“, рече Бруно Сиалели во изјава за медиумите.

„Имајќи предвид дека таа е основач на идејата за движењето на инфлуенсерите и идејата „славна затоа што е славна“, сакав да му претставам на светот колку напредувала во индустријата што ја создаде. Успеавме да го откриеме нејзиниот стил и да дозволиме нејзината природна убавина да доминира на секоја фотографија “, додаде тој.

Колекцијата, која беше претставена за време на една модна ревија во Кина во октомври минатата година, ја истражува „размената меѓу старото и новото“, како и „наследството и модерното“. Фотографирана од познатото дуо, Хилтон е претставен како „лебед на модерното време“, или како инфлуенсер.

Инспириран од портретите на влијателни њујорчани од 50-тите години на минатиот век, Парис ги претстави архивските силуети на брендот, како V фустан, елегантен тренч мантил, пастелно розова тоалета и бургундска кожна јакна. Нејзините комбинации на облека се завршени statement очила и големи парчиња накит.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement