Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Панталоните кои ќе ги гледаме насекаде оваа сезона се совршена алтернатива на фармерките…

Сара Џесика Паркер се враќа на сетот во Њујорк како омилен лик на Кери Бредшо во претстојните делови од серијата „И така…“
Трендот на удобни панталони, на кои многумина се радуваа,нема да исчезне, а тоа го докажува и изгледот на модната икона, неповторливата Сара Џесика Паркер,како фантастична алтернатива за сите оние кои копнеат за пауза од фармерките.Секако, фановите едвај ја чекаат новата сезона на серијата, која ги прикажува животите на познатите пријатели од Њујорк, сега веќе во 50-тите години, кои исто така редовно ги воодушевуваа фановите со својот моден стил.

Иако фармерките се покажаа како универзално парче за секоја сезона од лето до зима, понекогаш е добро да направите промена и да го освежите вашиот стајлинг со подеднакво нослив модел кој може да се носи на безброј начини.
Станува збор за таканаречените панталони канцелариски тип, една од најдобрите алтернативи и за пролет, па не заборавајте да размислите за оваа одлична модна инвестиција,а ги носат и многу љубители на модата како Џенифер Лопез, Кендал Џенер…

Така Сара Џесика Паркер беше забележана во прекрасни панталони во нежно розова нијанса, а ги комплетираше со ефектен капут/наметка, сив џемпер и беж шилки.

Ракавиците и симпатичната кафена чанта го докомплетираа овој софистициран изглед.

Овие панталони се секогаш добредојдени во гардеробата бидејќи ја истакнуваат фигурата и на секој стајлинг му даваат елегантен, но многу шик изглед. Покрај тоа, секоја модна комбинација ќе ја направи пораскошна и поскапа.

Пригушените нијанси, како беж, крем или сива, го нагласуваат елегантниот карактер на панталоните, но појаките бои како зелената и црвената се исто така добар избор и делуваат како сигурно подигање на расположението.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement