Кој знае како да се облече подобро од топ моделот кој е во епицентарот на модниот свет?
Ирина Шајк не престанува да нè радува со своите модни изданија, а овој пат тоа е палто што веднаш се најде на нашата листа на желби.
Иако за момент потсетува на најпопуларното палто со дезен на шаховска табла, Ирина Шајк реши да го заобиколи трендот што го носат сите, и си постави свој. Тоа е „teddy“ палто со впечатлив дизајн, со сини ленти кои прават разигран контраст на нежната беж сенка. При креирањето, Max Mara ја имала во предвид ерата на пандемијата и не толку далечните односи што ги преминуваме секој ден, а кои бараат пред се носење, удобност и функционалност.
Покрај тоа, Ирина донесе и беж здолниште, темни панталони и елегантна чанта By Far Kiki, а за прошетка низ снежните улици во Њујорк, ги избра кожените чизми на Shultz Moly.
Нека ви послужи како инспирација дека со едно вистинско модно парче, не треба многу за да изгледате добро – и секој ден.



