Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Од rock до street style ѕвезда – „ѕвонарките“ се враќаат на модната сцена

Оваа пролет нека биде софистицирана, винтиџ и опуштена со лелеави фармерки или панталони.

Од појавата на „ѕвонарките“ во 60-тите години на минатиот век, прославените панталони еволуирале со генерациските трендови, за да бидат сакани од многу жени дури и денес.

Она што го носеа рок-sвездите, денес го носат најпознатите „it“ девојки. Поддржани од Сони Бон и Шер, овие панталони се олицетворение на диско-културата и го симболизираат ослободувањето во мода. Овие културни и музички икони им го отворија патот на главните дизајнери да го повторат овој смел стил.

Денес, панталоните со широки ногавици сè уште се тесно поврзани со културата на рок-sвездите, но исто така се вклопуваат и во секојдневниот живот. Додека Мајли Сајрус и Хари Стајлс изведуваат хит-песни во различни варијации на овие модели, ѕвездите на уличен стил (street style) презентираат различни опции со микро и макро ѕвонарки.

Од јога панталони до винтиџ тексас, „ѕвонарките“ можат да го трансформираат секој стил. Многу жени се плашат да носат панталони со ѕвонасти ногавици, бидејќи сметаат дека нивната силуета ќе изгледа голема, но во реалноста, овој тренд е прилично лесен за носење во секоја пригода и одговара на секоја фигура.

Пронајдете ги заборавените „ѕвонарки“ во плакарот, а инспирацијата за стајлинг побарајте ја подолу.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement