Emmy awards годинава ги инспирираше славните актерки да се украсат со некои од најлуксузните парчиња накит, а тоа се елегантни дијаманти и прекрасни креации на познати куќи за накит.
Иако церемонијата на доделување на наградите беше виртуелна, сите беа правилно дотерани, а актерките избраа прекрасни парчиња накит за да ги стилизираат своите вечерни фустани.
Најмладиот добитник на наградата Еми за главната улога во драмска серија, познатата актерка Зендаја, ги избра престижните обетки Булгари, со едноставен кружен дизајн.
Рис Витерспун ги комбинираше со малиот црн фустан раскошниот накит Louis Vuitton Fine Jewelry.
Трејси Елис Рос ја украси својата прекрасна зелена креација со ѓердан со потпис на Тифани и Ко.
Џенифер Анистон го носеше кројот кој вообичаено и се допаѓа, лесна флуидна сатенска креација и го украси вратот со дијаманти за да ја „скрши“ едноставноста на комбинацијата.
Иса Реј го украси својот раскошен портокалов фустан со обетки од марката Forevermark, направени од дијаманти и бело злато.

Кери Вашингтон носеше прекрасни зелени смарагдни обетки од куќата за накит „Chopard“.
