Дојде денот Доналд и Меланија, американскиот претседател и прва дама во заминување да ги напуштат Белата куќа и Вашингтон! Двојката се појави на церемонијата на збогување во авионската база Ендрус, од каде ќе се качат на авион за Флорида.

Како и нејзиниот сопруг, Меланија го одржа својот последен говор како прва дама на САД:
“Да се биде ваша прва дама беше моја најголема чест. Ви благодарам за вашата љубов и поддршка. Ќе бидете во моите мисли и молитви. Бог да ве благослови. Бог да ги благослови вашите семејства. И Бог да ја благослови оваа прекрасна земја. Ви благодарам”, рече Меланија Трамп.

Нема сомнение дека стајлингот за прошталниот ден беше многу внимателно избран, и сигурно е дека тој ќе остане добро запаметен! Меланија беше облечена во црно, косата беше собрана во елегантна пунџа и плени со софистицираност.
Покрај тоа, имаше бројни дизајнерски парчиња облека!

Од чантата Биркин, преку чевлите со потпис на омилениот на Меланија, Кристијан Лобутин, сè до блејзерот на Шанел, сè во врска со сопругата на Трамп беше скапо и внимателно избрано. Миди здолниште до колена, долги црни ракавици и црни очила само го комплетираа стајлингот.
Останува да видиме дали Џил Бајден ќе може да и парира на Меланија или со задоволство ќе се сеќаваме на нејзините комбинации на облека додека беше прва дама!
