Додека Британците се соочуваат со втора изолација, Кејт Мидлтон се обидува да одржи контакт со граѓаните преку различни интервјуа и разговори на Интернет. Иако сите кралски настани се одложени за некои подобри времиња и јавноста има можност да ја види само преку екранот, модното влијание на војвотката од Кембриџ не исчезнува за момент.
Кејт Мидлтон неодамна и се обрати на јавноста со видео снимено од нејзината канцеларија во палатата Кенсингтон, презентирајќи им ги резултатите од истражувањето спроведено меѓу Британците на тема воспитување на деца на возраст под пет години. Истражувањето беше поддржано од Кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ и во него учествуваа над половина милион луѓе.

38-годишната војвотка привлече големо внимание со достапниот стајлинг. Кејт се насмевна од канцеларијата во елегантна бела јакна под која носеше црна маица, а наскоро се дозна дека станува збор за јакна со потпис на Зара.
Иако предимензионираните јакни се задолжителни меѓу трендсетерките во последните сезони, убавата војвотка се придржува до нешто покласични, јакни со струк, што ја следат линијата на телото.

Кејт неодамна носеше сличен деловен стајлинг. Од сопствената дневна соба во палатата Кенсингтон, таа и се обрати на јавноста со розов елек што ги носеше под црн модел на јакна со потпис на Масимо Дути, а овој пат го зачини аутфитот со златен ѓердан потпишан од британскиот златар Алекс Монро.
Дека сè што носи британската омилена Кејт Мидлтон има посебна јавна резонанца, тоа е веќе добро познат факт, а по низата јакни и вести со потпис на поволни улични брендови, војвотката од Кембриџ ја покажа својата женска страна во свилена блуза со познатата машна на италијанска модна куќа Гучи.
