Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Овој парфем на Диор е толку посебен што доаѓа во сопствена модна чанта

Доколку сте љубители на луксузни парфеми, еве една волшебна понуда која едноставно не можете да ја пропуштите!

Станува збор за комплетно нова парфемна вода со потпис на Диор која доаѓа во пакување кое е подеднакво волшебно како и самиот парфем!

Именувано како „Miss Dior Eau de Parfum“, шишето е претставено во извонредно куферче покриено со цвеќиња инспирирани од couture фустан. Исклучително пакување е направено од талентираните производители на куфери Dior Atelier, со само 100 парчиња достапни ширум светот.

Самиот парфем може да се пофали со цветни ноти на центифолна роза, мед и бибер. Има и примеси на свеж крин на долината, божур со нијанси на кајсија и прашкаст ирис со ноти на нежно дрво во основата.

Коментирајќи, Франсоа Демаши, парфимер-креатор на брендот Диор, изјави: „Сите наши сетила се разбудени од сензуалноста на цветниот букет на новата парфемска вода Мис Диор, која ги слави кадифените и сензуални рози засилени со свеж крин на долината и божур завиткан во прашкаст ирис“.

Секое шише Мис Диор е нумерирано и доаѓа украсено со машна од тул и органза, цветни мотиви и рачно насликани цвеќиња. Достапно во парфем од 200 ml, специјалното издание на Мис Диор моментално е достапно во бутиците на брендот Диор низ светот.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement