Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Овие комбинации на бои се полн погодок: Благодарение на нив, секој стајлинг изгледа безобразно скап!

Дури и најскапото парче во погрешна боја може да изгледа навистина лошо

Кога правите стајлинг, изборот на бои е многу важен. Ако ги комбинирате на вистински начин, секоја модна комбинација ќе изгледа безобразно скапа. Понекогаш може да биде навистина тешко да се најдат комплементарни нијанси кои убаво се вклопуваат, па затоа ги послушавме советите на врвните модни експерти.

Еве што велат тие, со кои бои најдобро се согласуваат:

Розова и црвена

Иако до неодамна се сметаше дека овие две бои никогаш не треба да бидат во иста облека, тоа правило се смени. Оваа комбинација, навистина, изгледа многу впечатлива и моќна. Дефинитивно е вистинскиот избор за оние дами кои сакаат да привлекуваат внимание.

Светло жолта и светлосина

Контрастот на потоплите и постудените нијанси секогаш дава феноменален ефект. Овие две бои даваат впечаток на успешна и моќна жена и се добар избор за многу прилики.

Црвена и кремаста

Една класична комбинација на бои која никогаш нема да излезе од мода. Овие две нијанси се идеални за создавање деловен стил. Тие не се премногу агресивни и сигурно ќе остават впечаток на многу способна жена која добро знае што сака и како да го постигне тоа.

Беж и белa

Овие нежни нијанси изгледаат неверојатно добро кога се комбинираат во еден стајлинг. Овде не се потребни зборови, погледнете ја фотографијата и уверете се.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement