Една година подоцна, овие сè уште се најпопуларните хулахопки на Инстаграм.
На почетокот на минатиот март, додека живеевме безгрижно и не знаевме што ќе ни донесе пандемијата, Chanel претстави уникатно парче на својата ревија есен/зима 2020 година.
Моделите одеа по пистата во костуми од твид и кожни чизми, додека овие шик најлонки со логото на Chanel беа видливи под секоја облека. Оттогаш па се до денес, тие останаа омилено парче модни блогери на социјалните мрежи.
Тие можат да се носат подеднакво во дневни и вечерни прилики, во зависност од тоа дали сакате да постигнете лежерен или елегантен изглед. Секако, здолниште или фустан е задолжително, со цел ова парче да дојде до израз.
Иако ги има само во продавниците на Chanel, се шпекулира дека наскоро ќе бидат достапни и во онлајн продавниците.
Дотогаш, инспирирани сме од изгледот на стајлингот!



