Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ова е чантата што го подигна целиот стајлинг на Џулија Робертс

New York City, NY - *EXCLUSIVE* - Julia Roberts and her husband Danny Moder hold hands during a romantic walk in Manhattan’s Midtown area. Julia can be seen wearing a colorful mask while her husband Danny did not. The couple looked very much in love looking at each other during the long walk. The famous couple recently celebrated their 19th wedding anniversary. BACKGRID USA 2 AUGUST 2021,Image: 624982834, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: BrosNYC / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Еден детал може многу да промени, ако го изберете вистинскиот, се разбира…

Познатата холивудска актерка вчера била видена како шета по улиците на Њујорк, држејќи се за рака со сопругот Дени Модер.

Двојката, која е во брак скоро две децении, пред еден месец ја прослави својата 19 -годишнина – јубилејна прилика кога и двајцата објавија заедничка фотографија на своите социјални мрежи.

Како што овој потег е реткост во нивната врска, така е и нивниот заеднички јавен настап. Причината е повеќе затоа што очите на медиумите (поточно: папараци камери) го следат секој чекор на режисерот и актерката.

Иако Јулија се обиде да го скрие лицето со темни очила за сонце и маска, во францускиот кварт на Менхетен, таа не можела да остане незабележана. Особено со Дени, кој очигледно немал намера да го скрие својот идентитет, не пуштајќи ја раката на актерката ниту за секунда.

Уште една ставка која не поминала незабележана е дефинитивно стајлингот на 53-годишната актерка.

Јулија се одлучи за лежерна варијанта во боемски шик стил. Преголемиот „оversized“ фустан се истакна со прекрасна маслинесто зелена боја, со која деталите во црно одлично се вклопуваат – од црни чизми, преку чанта до лак за нокти.

Меѓутоа, еден детал посебно се истакна, и благодарение на него, целата комбинација е подигната на многу повисоко ниво. Станува збор за црната „cross body“ кожна чанта на Louis Vuitton.

Еден квалитетен додаток и секако скап додаток може да направи многу за еден, всушност исклучително обичен стајлинг.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement