Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Облечете се заедно, останете заедно? Овие славни парови покажуваат љубов со слични стајлинзи

Ако може да се поверува на изреката дека парот што се облекува заедно – останува заедно, овие славни личности имаат предвидување дека ќе остарат заедно. Од повторно обединети, Џенифер Лопез и Бен Афлек, до ексцентричните Хари Стајлс и Оливија Вајлд, sвездите од А-листа религиозно се придржуваат до принципот дека како што напредува врската, тие мора да започнат и да личат едни на други – барем кога станува збор за нивниот аутфит.

Трендот за совпаѓање не го прифаќаат само новите љубовници, туку и страсно го следат оние со искуство. Супермоделот Џиџи Хадид и музичарот Зејн Малик, кои го имаа своето прво дете, ќерката Каи, пред речиси една година, заеднички го кординирале стајлингот, како и Џастин и Хејли Бибер, кои често ја синхронизираат облеката, без разлика дали се работи за настан или само на вечера…

Кој би можел да ги заборави Дејвид и Викторија Бекам – еден од најоригиналните славни парови кои беа практично пионери во координираната облека. Родителите на четири деца, не само што ја синхронизирале облеката, туку и нивните фризури биле идентични. Иако во последниве години тие го ублажија излегувањето во иста облека, минатата година не воодушевија што заеднички се појавиле во countryside (селски) аутфит.

Ви прикажуваме некои од најдобрите спарени стајлинзи на познати парови, кои со задоволство би ги носеле!

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement