Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Нова деликатна Agent Provocateur кампања

Agent Provocateur се враќа на сцената со својата нова празнична кампања, со шармантно розово пакување…

Наречена „All Wrapped Up With Agent Provocateur“, новата кампања ни претставува заводливи фотографии од нови празнични стилови, заедно со пакување подароци, чанти и парфеми. Моделите Нијас Матонодја и Монтана Кокс донесоа празнични парчиња, вклучително и дантелен хиндашки градник и жартиера, како и ливче од Кристи направено од бургундска свила. Mercy корсетот се нуди во темна варијанта од тантела, и е украсен со златни куки, додека комбинезоните Papillon се деликатно украсени со светки и ланци. Кога станува збор за понеформални парчиња, во понуда се и свилени пижами со sвездени отпечатоци и бањарка Kittie со леопард дезен.

Сара Шотон, креативна директорка на брендот, предложи два комплети како подарок за посебни луѓе во вашиот живот: „Ако сакате да подарите долна облека, комплетот Zadi Red е класичен избор со детали од Agent Provocateur со посебна искра. Алтернативно, Mercy корсет е парче што може да се носи надвор од спалната соба“.

Целата кампања можете да ја видите во нашата галерија, додека сите парчиња се веќе достапни за купување преку официјалната веб-страница на брендот.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement